Првакот на Австрија последен европски учесник на Мундијалот за клубови

Првото издание на новиот формат на Светското клупско првенство ќе мине без европски гиганти како Барселона, Милан, Арсенал, а неочекувано ќе настапи првакот на Австрија.  Фудбалерите на Салцбург се последните претставници на Европа на Светското клупск првенство, кое ќе се одржи летото 2025 година во Соединетите Американски Држави, соопшти Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Овој клуб се пласира на клупскиот Мундијал, благодарение на елиминацијата на Арсенал од Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Светското клупско првенство за прв пат ќе се одржи во нов формат, со 32 клуба, следната година во САД од 15 јуни до 13 јули.

Засега се познати 24 клубови учесници, а остануваат уште осум места. Познати се и имињата на сите 12 клубови кои ќе ја претставуваат Европа.

Покрај Салцбург тоа се Реал и Атлетико, Манчестер сити и Челзи, Баерн и Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен, Интер и Јувентус, Порто и Бенфика.