ВИДЕО: Прва радост за Нестогол и Удинезе во новата сезона, Пусето човек на одлука

Удинезе

Илија Несторовски остана на клупата за резерви во победата на Удинезе на домашниот меч против Парма (3-2).

Тимот на Лука Готи во четвртиот натпревар во Серија А во новата сезона ги запиша првите три бода. За истите се бореше до самиот крај и се израдува со гол во надополнувањето од натпреварот на „Дачиа Арена“.

Пусето го одлучи прашањето на победникот со реализација од далечина. Тој ја прими топката и биеше по земја, изненадувајќи го гостинскиот голман Сепе.

  • Извештај од натпреварот: 

Претходно двете екипи постигнаа по два погодоци. Хернани донесе гостинско водство, а на полувреме се замина со 1-1, благодарение на Самир. Пресврт донесе Јакопони кој си постигна автогол, а Карамох се чинеше дека го постави конечниот резултат.

Сепак, упорноста на „црно-белите“ се исплатеше и им донесе деби радост во новата сезона во италијанскиот шампионат.