ВИДЕО: Прва радост за Кротоне и Стропа, победена и надиграна бледата Специја

Нема екипа која сезонава не се израдувала на победа во Серија А, откако попладнево тимот на Кротоне ја совлада Специја со 4-1 (1-1), во вториот натпревар од 11. коло на шампионатот на Италија. Овој триумф треба да значи привремен спас за тренерот Џовани Стропа, за кого се зборуваше дека не му гине отказ.

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот на двете екипи кои минатата сезона играа во Серија А започна со прекрасна акција на Месијас. Бразилецот со прекрасна реализација со левата нога го матира Проведел (1-0). Пресингот на напаѓачите на Специја вроди со плод во 18. минута, откако по една ефтина грешка Фариас со прецизен удар израмни на 1-1. 

Одлуката околу победникот се случи во интервал од седум минути на почетокот од второто полувреме. Во 49. минута полскиот интернационалец Река, на додавање на Молина, ја затгресе гостинската мрежа за 2-1. Не се созедоа гостите, а веќе примија трет погодок. Едуардо Енрике во 56. минута на ефектен начин ги разреши дилемите со гол за 3-1. Најдобриот поединец на натпреварот, Месијас, во седмата минута од судиското надополнување ги постави финалните 4-1 за малиот клуб од централна Италија. 

Победата не значи напредок на првенствената табела, бидејќи Кротоне останува на 20-тото место со само пет бода.