• Зоран Мишевски
Во првиот натпреварот од шестото коло во Серија А, на стадионот „Луиџи Ферарис“, Џенова оствари победа над Фиорентина со 2-1 (2-0). По енергичниот прв дел следуваа многу помалку емоции во продолжението.
- Извештај од натпреварот:
Милутин Осмајиќ ја отвори средбата со ефектен гол по асистенција од Елертсон. Црногорецот потврдува дека е големо засилување за тимот на Даниеле де Роси и уште во првата сезона на „чизмата“ покажува неспорен квалитет. Истиот фудбалер осум минути подоцна додаде до Жуниор Месијас, а овој со убав гол зголеми на 2-0.
Следеше реакција на „виолетовите“, серија на шанси до одморот, но до преполовивање на предноста на Џенова, гостите од Тоскана чекаа до 73. минута. Хоан Васкес со автогол го намали водството, откако топка по центаршутот на Алекс Хименез се одби од него во сопствената мрежа. Џенова успеа да го издржи притисокот до крајот и да ги освои првите трите бода пред домашната публика.
Со првата победа во новата сезона тимот на Де Роси бега од опасната зона, во која уште е Фиорентина.











