ВИДЕО: Монако врза две победи, Нант со седми пораз во низа на „Луј Втори“

Монако победа

Монако им се приклучи на Рен и Лил на врвот на табелата во Франција, откако денес на домашен терен успеа да го совлада Нант (2-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Втората сезонска победа за избраниците на Нико Ковач ја најави Диоп уште во петтата минута. 20-годишникот собра еден отпадок и биеше неодбранливо во горниот дел од голот на гостите.

Пред паузата ВАР-собата спречи израмнување. Поради офсајд беше поништен погодокот на Нант кој го постигна Коло. Никакви дилеми немаше по еден час игра, кога „канаринците“ стигнаа до она што го посакуваа. Блас скокна до топката и шутираше млако, но голманот Мајецки дозволи радост на гостинската екипа.

Само неколку минути подоцна Монако одново ја врати предноста. Омјекуру одлично повлече и несебично додаде до Геубелс кој со малку среќа го постави конечниот резултат.

Денешната програма во француската Лига 1 ќе биде затворена со дербито меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј.