Прва асистенција за Бабунски во Шкотска, Данди го совлада Рос Каунти

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски одигра уште еден солиден натпревар за својот Данди Јунајтед во шкотската Премиер лига и придонесе со асистенција во победата со 3-0 над Рос Каунти. 

Македонецот беше во почетниот состав кај Данди и одигра 88 минути, а на крајот доби исклучително висока оценка за својот настап - 7,7. Бабунски асистираше за соиграчот Сем Далби, точно дваесет минути пред да го напушти теренот. Во тимот на Данди го немаше вториот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски. 

Данди ја забележа петтата победа сезонава и вкупно има 19 бода, доволни за четвртата позиција на табелата.