• Горан Упале
Мирослав Клосе, 44-годишниот поранешен германски репрезентативец, е именуван за шеф на стручниот штаб на автрискиот прволигаш Алтах.
Работеше како помошен тренер во Германија и Баерн, а ја водеше и селекцијата на Баерн до 17 години. Заминувањето во Алтах, Австрија, ќе му биде прва сериозна тренерска работа:
„Се радувам на мојата нова работа. Од самиот почеток се чувствувам како да сум на вистинското место. Едвај чекам да се сретнам со тимот, луѓето во клубот и навивачите и да завршиме добра работа заедно“, изјави Клосе.
Легендарниот фудбалер, кој сè уште е рекордер по бројот на голови на Светските првенства, имаше одлична играчка кариера во која настапуваше во Кајзерслаутерн, Вердер Бремен, Баерн и Лацио. За германската репрезентација забележа 137 настапи и постигна 71 гол.