• Саше Љолес

Екипата на Шкендија од Арачиново ја забележа првата победа под водство на тренерот Берат Имери, славејќи со убедливи 0-4 на гостувањето кај Големо Коњари во натпреварот од 19. коло во Втората македонска лига.
Тимот од Арачиново ја покажа својата моќ и комплетно ја оправда фаворитската улога. Гостите постигнаа три гола уште во првите 45 минути, најавувајќи каде ќе заминат бодовите од овој дуел.
Второто полувреме беше чиста рутина за тимот на Шкендија, кој успеа да постигне и четврти погодок во домашната мрежа, со што максимално го потврди фаворитскиот статус. Стрелци на денешниот меч беа Фикрет Ливарека, Дарио Десниќ, Амир Нухија и Махир Ајрули.
За арачиновци ова беше четиринаесетта победа сезонава, а Големо Коњари останува на последната позиција, со само четири бода на своето салдо.










