• Иван Димовски

Фудбалерите на Вардар први постигнаа гол во натпреварот од 13. коло на ПМФЛ против Тиквеш.
Автор на водечкиот гол за „црвено-црните“ беше Ворен Чимбембе кој го даде својот првенец за Вардар. Поранешниот репрезентативец на Конго одлично ја следеше акцијата и по лошо расчистена топка пласира во мрежата на гостите.
По доаѓањето во Вардар едно од најзвучните засилувања долго време само тренираше и бркаше натпреварувачка форма. Ова му е четврти настап во ПМФЛ, прв во стартниот тим и првпат постигна гол во новиот клуб.




