Прв предизвик во странство: Марјан Ристовски ја засили грчката Кавала

Македонскиот фудбалер Марјан Ристовски официјално го засили грчкиот второлигаш, АО Кавала 1965. Од клубот веќе му посакаа топло добредојде на Ристовски и го најавија како поливалентен играч со огромно искуство од настапите во нашата земја. 

28-годишниот Ристовски настапува како лево крило, а во македонското првенство играше за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс и Вардар.

Во Кавала пристигнува од редовите на Брера Струмица, за која сезонава одигра 14 натпревари и постигна четири гола. За Ристовски ова ќе биде прв предизвик надвор од границите на Македонија.