• Иван Димовски

Белорусија беше единствената европска земја во која фудбалот редовно се играше изминатиов период. Сезоната таму започна среде екот на пандемијата од ковид-19, а властите во земјата болеста ја карактеризираа како малку опасна.
Сепак, и покрај истрајноста и упорноста, фудбалскиот сојуз ќе мора да се сложи на одложување натпревари, бидејќи фудбалер на Минск бил позитивен на коронавирусот. Овој клуб во петокот одигра реми против Городеја, но заразениот играч не бил во протоколот. Така, во карантин ќе мора да заминат сите негови соиграчи, па одложен ќе биде мечот со Неман.
Освен оваа средба, беше одложен и второлигашкиот дуел меѓу Гомел и Арсенал Џержинск, под сомнение дека од тимот на Арсенал има позитивни фудбалери.