ВИДЕО: Прв пораз за Симеоне, Одегард и Монреал му пресудија на Атлетико

Лидерот во шпанска Примера, екипата на Атлетико Мадрид, го доживеа првиот пораз во новата сезона и со 2-0 (0-0) загуби во Сан Себастијан на гостувањето кај Реал Сосиедад.

  • Извештај од натпреварот:

Домашниот тим го сефтоса новиот реновиран стадион со победа над една од најдобрите екипи во Шпанија и му го нанесе првиот пораз на Диего Симеоне оваа сезона во шпанската фудбалска елита.

Двата гола на мечот паднаа во второто полувреме, а стрелци беа Мартин Одегард и Начо Монреал. Првиот погоди во 58. минута, откако по еден контрапанад протна топка низ одбраната на Атлетико и го совлада Јан Облак, додека Монреал стрелаше во 61. минута, по една одбиена топка по прекин.

За Реал Сосиедад ова беше прва победа во Примера сезонава. Во наредното коло тимот гостува кај Еспањол, додека Атлетико го чека домашен меч против Селта Виго.