ВИДЕО: Прв пораз за Шпанците, Португалија на врвот, Митровиќ со хет-трик за Шведска

Шпанија со првиот пораз во Лига А од Лигата на нации против Швајцарија на домашен терен (1-2) падна на второто место во групата.

  • Шпанија - Швајцарија 1-2: 

Тимот на Луис Енрике првпат потклекна во тековното натпреварување. Аканџи во голема гужва испрати удар со глава и донесе гостинско водство. Радост на трибините донесе израмнувањето преку Жорди Алба. Но, еуфоријата траеше само неколку минути, бидејќи Емболо се најде на вистинското место и донесе големи три бода за швајцарската репрезентација.

Португалија го искористи киксот на Шпанците за преку Чешка (0-4) да го запоседне врвот. Далот одигра клучна улога со своите два погодоци. Бруно Фернандеш пред паузата ја насамари домашната одбрана и прв стигна до топката за да ја запечати судбината на Чесите.

  • Чешка - Португалија 0-4:

Феноменалниот Александар Митровиќ со хет-трик ја урна Шведска (4-1). Напаѓачот ја одржа Србија во игра за првото место, кое носи промоција во Лига А. Во Лига Б се одиграа уште два меча. Израел минимално ја совлада Албанија (2-1), а Шкотска во финишот ја победи Ирска (2-1).

  • Србија - Шведска 4-1: 

Единствениот дуел од Лига Д донесе минималец за Кипар против Грција (1-0).

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Мурат Јакин

    4-2-3-1