• Мартин Танасковски
Екипата на Пари Сен Жермен го доживеа првиот пораз во Франција оваа сезона. Во рамки на 31. коло, „светците“ загубија дома од Ница (1-3) и тоа во незгоден момент, пред полуфиналето во Лигата на шампионите.
- Извештај од натпреварот:
Се веруваше дека ПСЖ на Енрике ќе брка рекорди и до крајот нема да има пораз, меѓутоа Ница го најде лекот во Париз за големиот фаворит, што своевидно е големо изненадување. И тоа пред мечот со Арсенал во Лондон во фудбалската елита кој се игра во вторник.
Двоен стрелец за Ница на овој натпревар беше Морган Сансон, а еднаш реализира Јусуф Ндајишмије. Единствениот гол за ПСЖ кој не штедеше сили и играше во полн состав на овој дуел го даде Фабиан Руиз во првиот дел.
ПСЖ веќе ја осигура титулата во Лига 1, додека Ница е четврта и до крајот на сезоната ќе се бори за место во Лигата на шампионите.