• Саше Љолес
Маурицио Почетино го доживеа првиот пораз како селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, откако загубија со 2-0 од Мексико во пријателски натпревар одигран во градот Запопан.
Мексиканците славеа со головите на Раул Хименез и Цезар Хуерта Валера, со што му го нанесоа првиот неуспех на аргентинскиот селектор кој неодамна ги презема Соединетите Американски Држави и ќе ги води на Светското првенство во 2026 година.
- Извештај од натпреварот:
За Мексико ова беше трета победа по ред (без примен гол), додека Соединетите Американски Држави следниот месец ќе настапат во четвртфиналето од Лигата на нации на КОНКАКАФ, каде ќе имаат двомеч со селекцијата на Јамајка.