• Саше Љолес

Борусија Дортмунд продолжува по принципот „топло-студено“ и го впиша првиот пораз под водство на новиот тренер Нико Ковач, откако загуби пред своите гледачи од Штутгарт со конечни 1-2 во 21. коло од германската Бундеслига.
„Милионерите“ се прикажаа во бледо издание и немаа одговор за мотивираниот ривал, кој успеа да ги освои трите бода со головите на Џеф Чабот и автоголот на Антон Валдермар. Почесниот погодок за домаќините го постигна Јулиан Брандт во 81. минута од натпреварот.
- Борусија Дортмунд - Штутгарт 1-2:
За Штутгарт ова беше десетти триумф со кој се врати на четвртата позиција, додека Дортмунд останува на единаесеттото место со вкупно 29 бода на своето конто.
Унион Берлин забележа важна победа и славеше со убедливи 0-4 на гостувањето кај Хофенхајм, Фрајбург го надигра Хајденхајм со минимални 1-0, додека Волфсбург успеа да го задржи шампионот Баер Леверкузен на почетните и непопуларни 0-0, а со истиот резултат заврши и дуелот помеѓу Мајнц и Аугзбург.