ВИДЕО: Прв пораз сезонава, Атлетико Мадрид се распадна во вториот дел во Билбао

Атлетико Мадрид го доживеа првиот пораз во новата сезона во Примера, откако убедливо загуби со 3-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао.

  • Извештај од натпреварот:

По двете победи и едно реми во првите три кола, тимот на Диего Симеоне целосно потфрли во Билбао. Нико Вилијамс го отвори резултатот веднаш по паузата, во 46. минута, а само две минути подоцна Роберто Наваро зголеми на 2-0. Атлетико не успеа да најде одговор, а точка на убедливата победа на домашните стави Ојан Сансет во 90. минута за конечни 3-0.

За Атлетик Билбао ова беше втора победа во низа, по стартот со два порази. Баскијците сега полека фаќаат ритам и покажуваат дека по лошиот почеток можат да бидат сериозен фактор во продолжението од сезоната. Од друга страна, Атлетико за првпат остана без бодови и без постигнат гол во новата сезона.

Во следното коло Атлетико Мадрид гостува кај Реал Сосиедад, додека Билбао на свој терен ќе се судри со Елче.