ВИДЕО: Прв пораз на Тухел, Англија надиграна од Сенегал на „Сити Граунд“

Фудбалерите на англиската репрезентација им приредија разочарување на своите фанови и на „Сити Граунд“ во Нотингем загубија од Сенегал со 1-3 (1-1). Воедно ова беше прв пораз на новиот англиски селектор Томас Тухел, кој на жешкото столче седна на почетокот на оваа година и претходно запиша три победи во квалификациите за Светското првенство. 

Во англиската „шума“ први на погодок се радуваа домаќините, откако Хари Кејн уште во седмата минута на додавање на Арон Гордон стрелаше за 1-0. Во финишот од првиот дел Сар израмни на 1-1, а по еден час игра Диара го шокира фаворитот и донесе водство за Сенегал од 1-2. Конечните 1-3 ги постави Сабали во третата минута од судиското надополнување. 

  • Извештај од натпреварот:

Вечерва се одиграа уште неколку пријателски натпревари. Грција во комшиското дерби славеше над Бугарија со 4-0, Израел со минимални 1-0 извојува победа над Словачка, додека Луксембург и Северна Ирска одиграа без голови.