Прв официјален гол за Тошевски по кам-бекот во Австрија

Македонскиот фудбалски интернационалец Давид Тошевски продолжува да игра со стил во Австрија. По добрата форма на контролните натпревари, играчот реализира и во Купот на Австрија каде го даде првиот официјален гол.

Австрија Клагенфурт ја оправда фаворитската улога и успеа да слави над Глогниц со убедливи 5-0 (4-0), а триумфот го најави баш македонскиот фудбалер. Тошевски се најде во шанса во 19. минута и веднаш ја претвори во гол.

За Тошевски ова е прв официјален гол во австрискиот фудбал затоа што претходно погодуваше само на пријателски и подготвителни натпревари. Поранешниот младински репрезентативец оваа сезона ќе добие шанса во Австрија Клагенфурт каде ќе биде прв напаѓач.

Минатата сезона Тошевски ја мина на позајмица во хрватски Шибеник со кого избори промоција во ХНЛ-лигата, а одигра 800 минути во кои забележа три гола и три асистенции.