ВИДЕО: Прв конфликт меѓу Пиоли и Ибра – големите ѕвезди не поднесуваат замени

Ибрахимовиќ

Првиот пораз на Милан во последните осум месеци донесе мала тензија меѓу Златан Ибрахимовиќ и Стефано Пиоли.

Калчолигашот беше декласиран од Лил на домашен терен во Лига Европа, а тренерот одлучи да го замени Швеѓанецот по еден час игра. На негово место влезе Хрватот Анте Ребиќ, кој требаше да биде освежување во офанзивната линија.

Со загубен поглед, Ибра излезе од теренот и се чини упати гест кон Пиоли, алудирајќи на неговата замена.

Лил покажува одлична форма во новата сезона во која не знае за пораз во домашното првенство.