Прв интернационален предизвик за Стојан Стојчевски, ќе игра за клуб од Косово

Досегашниот фудбалер на Воска Спорт, Стојан Стојчевски, добива нов предизвик во кариерата и за првпат ќе има можност да се стекне со интернационално искуство. 

Стоперот ја раскина соработката со охриѓани пред неколку дена и станува нов играч на косовскиот прволигаш, Феризај. Стојчевски има големо искуство од настапите за неколку македонски клубови, а во минатото беше дел од Вардар, Гостивар, Силекс, Брегалница, Брера Струмица и други клубови од нашата земја. 

31-годишниот стопер беше стандарден во екипата од Охрид и одигра 14 натпревари во дресот на Воска Спорт во ПМФЛ, а успеа да постигне и два гола во Купот на Македонија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.