• Горан Упале
Maкедонскиот голман Давид Денковски започнува интернационална кариера, откако се пресели во Босна и Херцеговина.
Негов нов клуб ќе биде ХШК Посушје. 25-годишниот голман, висок 202 сантиметри, денес официјално потпиша договор со „сино-белите“ до летото 2026 година со опција за продолжување на уште една година.
Денковски во својата кариера настапуваше за неколку македонски прволигаши. Започна во младинските категории на Вардар, па потоа се пресели во Брера. Од Струмица замина во Штип, каде со успеси го бранеше голот на Брегалница, по што следуваше трансфер во Шкупи каде што одигра 53 натпревари во ПМФЛ.
Денковски е поранешен младински репрезентативец на Македонија, за која настапи на шест натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





