ВИДЕО: Прв хет-трик на Мбапе, Реал Мадрид избега на врвот

Екипата на Реал Мадрид убедливо славеше на гостински терен кај Ваљадолид (3-0) и избега на врвот на табелата во шпанска Примера од ривалите.

  • Извештај од натпреварот:

Атлетико киксна со Виљареал, а тоа Кралевите не го простија. Во меч во кој важеа за комплетни фаворити, избраниците на Карло Анчелоти го надиграа ривалот и не му дадоа во ниту еден наврат да се понадева на сензација.

Човек на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој потсети на најдобрите денови и даде хет-трик првпат во дресот на Реал Мадрид. Француската супер-ѕвезда погоди во 30. минута за предност на Реал Мадрид, а останатите два гола ги даде во второто полувреме, во 57. и 91. минута.

Кралскиот клуб е на врвот со 49 бода, четири повеќе од второпласираниот Атлетико. Во следната рунда Реал гостува кај Еспањол.