Прв голем предизвик за десеткуваниот Арсенал!

Се враќа клупскиот фудбал и веднаш – уживање. Дербито на четвртото коло од Премиер лигата се игра во Северен Лондон, каде Тотенхем ќе го пречека Арсенал кој е десеткуван со повреди. Тимот на Микел Артета направи големи чекори во новата натпреварувачка година, остварувајќи рутински победи во воведните две кола против Вулверхемптон и Астон Вила (по 2-0), но ремито со Брајтон во претходното коло беше само најава за серија лоши вести кои ќе ја расипат самодовербата на навивачите на Арсенал, правејќи дуелот со лутиот ривал да биде пречекан со доза на страв.

Сите квоти во MOZZART BET ONLINE за натпреварот Тотенхем - Арсенал

Имено, на споменатиот меч со Брајтон, Рајс заработи суспензија, потоа на тренинг се повреди новајлијата Мерино, а на обврските со репрезентациите за претстојните натпревари отпаднаа Едегард и Калафиори. Постекоглу, пак, имаше тежок почеток на сезоната, ремизира со Лестер во воведниот натпревар, а по убедливата победа над Евертон, во последното коло беше поразен од Њукасл... Сепак, двонеделната пауза беше добра за „петлите“, а расположението во таборот на домашната екипа го подобри веста за враќањето на терените на Мики ван де Вен и Доминик Соланке.

Главно поради кадровската ситуација, коефициентот на Тотенхем паѓа, иако Арсенал и понатаму е фаворит, пред се поради традицијата. Од последните седум средби во Премиер лигата, Топџиите победија на пет, додека Петлите само една, одиграна во мај 2022 година. Треба да се истакне и дека ниту еден од 22-те првенствени натпревари одиграни во домот на Тотенхем не заврши без победник, иако во таборот на Арсенал, со оглед на ситуацијата, овојпат веројатно би се задоволиле со нерешено. Особено кога Манчестер Сити и Аталанта чекаат зад аголот...