ВИДЕО: Прв голем кикс на Партизан, Нови Пазар го доби „лудиот“ меч со два пресврти

Екипата на Партизан „се лизна“ уште во второто коло од српската Суперлига и загуби на гостувањето кај Нови Пазар со 3-2. Избраниците на Саво Милошевиќ потфрлија и загубија во средбата со два пресврти од аутсајдерот, кој во првото коло прими три гола од Црвена Звезда.

  • Извештај од натпреварот: 

Нови Пазар поведе и го изненади ривалот уште во 22. минута, кога од пенал стрелаше Недељковиќ. По голот за 1-0, долго немаше промена на резултатот. Израмнување за „црно-белите“ донесе Сејдуба Сума по речиси еден час игра, а само десет минути подоцна Асано целосно го сврте резултатот. 

Сепак, кога се очекуваше Партизан мирно да го приведе мечот кон крајот, младиот Периќ и автогол на Милетиќ му пресудија на составот предводен од Милошевиќ. Нови Пазар за само пет минути одново приреди пресврт, а до крајот мудро ја сочува предноста за прво големо изненадување во второто коло на шампионатот на Србија.