ВИДЕО: Прв гол за Гендузи, турскиот Суперкуп во рацете на Фенербахче!

Екипата на Фенербахче го совлада вечниот градски ривал Галатасарај и го освои Суперкупот на Турција, откако победи со 0-2 (0-1). 

Фенер дојде до трофејот со далеку подобра игра од противникот, а резултатот го отвори новото засилување од Лацио, Матео Гендузи, за кого ова беше дебитантски погодок. Вториот погодок беше дело на Холанѓанецот Џејден Остерволде, кој биеше по само три минути игра во второто полувреме. 

Галатасарај се обиде со сите сили да се врати во мечот и да внесе поголема неизвесност, но остана на само еден удар во рамките од голот и мораше да се помири со болен пораз. Натпреварот се одигра на олимпискиот стадион „Кемал Ататурк“ во Истанбул.