ВИДЕО: Прв гол на Спировски за Етникос, донесе бод за својот тим

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Спировски, одигра одличен натпревар за неговиот клуб Етникос Акна од Кипар и беше стрелец на единствениот гол, доволен за бод од ремито против АЕЛ Лимасол (1-1). 

Ова беше натпревар од дваесеттото коло, а двата гола беа постигнати во првото полувреме. Домаќините најпрво поведоа со 1-0 преку Макрис од пенал, а потоа Спировски израмни осум минути подоцна, откако доби една одлична топка во петерецот и немаше никакви проблеми да ја затресе празната мрежа. 

Овој гол беше воедно и последен на мечот, а Етникос сега има 18 бода, доволни за десеттата позиција на табелата. АЕЛ Лимасол е место погоре во кипарскиот шампионат, со два бода повеќе од тимот на Спировски.