ВИДЕО: Прв гол на Дибала во новата година, Рома ја продолжи низата без пораз во Серија А

Фудбалерите на Рома продолжуваат со позитивните резултати во Серија А оваа година и во првиот денешен натпревар од 24. коло во италијанската елита со минимални 0-1 (0-0) го совладаа тимот на Венеција на гости. 

  • Извештај од натпреварот:

Стариот лисец, Клаудио Раниери, по не така убедливиот старт во својата нова ера во римскиот гигант, во последниот период се чини дека го најде вистинскиот рецепт за успех и „волчицата“ моментално наликува на она што го посакуваат фановите. 

Рома е во серија од осум кола без пораз во домашниот шампионат, а денешниот триумф над Венеција ѝ беше трет во последните пет кола, а вкупно деветти сезонава. По неколкуте натпревари без учинок, првата ѕвезда на римскиот гигант, Пауло Дибала, го постигна првиот гол во новата година, откако на стартот од вториот дел беше прецизен од најстрога казна и ги постави конечните 0-1. За Аргентинскиот ас ова беше шести погодок во Серија А оваа сезона, а има и две асистенции.

Во следното коло Рома одново игра надвор од својот дом и ќе гостува кај Парма, додека Венеција излезе од кризата ќе бара на гости кај Џенова

Состави

Еузебио Ди Франческо

3-5-2

    Клаудио Раниери

    3-4-2-1