ВИДЕО: Прв бундеслигашки „хет-трик“ за Кејн, Баерн го уништи Бохум!

Фудбалерите на Баерн Минхен немаа никакви проблеми со екипата на Бохум и славеа со огромни 7-0 (4-0) во петтото коло од Бундеслигата. Момчињата на Томас Тухел уште од првата минута покажаа дека се мотивирани и насочени кон убедлив триумф, а тоа го најавија со четири погодоци уште во првото полувреме. 

  • Баерн Минхен - Бохум 7-0: 

Чупо Мотинг го отвори резултатот уште во четвртата минута, а до паузата, во листата на стрелците се запишаа уште Хари Кејн, Матијс Де Лихт и Лерој Сане. Баерн имаше огромни 4-0 на полувремето. 

Вториот дел донесе само рутинска игра на баварскиот гигант. Петтиот погодок беше дело на Кејн, кој стрелаше од белата точка во 54. минута, на 6-0 зголеми Матијс Тел. Конечните 7-0 ги постави феноменалниот Хари Кејн, кој го комплетираше својот прв хет-трик во Бундеслигата. 

Борусија Дортмунд одгра тежок натпревар против незгодниот Волфсбург, но успеа да дојде до минимален триумф од 1-0. „Милионерите“ беа за нијанса подобар ривал и заслужено славеа со единствениот гол на натпреварот, постигнат од Марко Ројс во 68. минута. 

  •  Борусија Дортмунд - Волфсбург 1-0:

Унион Берлин доживеа непријатно изненадување и на домашен терен загуби од Хофенхајм со 0-2. Стрелци на головите за гостинскиот тим беа Крамариќ и Бајер, кои погодија уште во првите 45 минути.

РБ Лајпциг исто така минимално славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, а творец на победата беше Тимо Вернер во 75. минута. Тесна победа извојува и Аугзбург, кој успеа по голема битка да го совлада Мајнц со конечни 2-1. 

Состави

Томас Тухел

4-2-3-1

    Thomas Letsch

    3-5-2