ВИДЕО: Евроголови во Сантандер, прв бод за Расинг по „кам-бекот“ во Примера

Екипите на Расинг Сантандер и Виљареал ги поделија бодовите во натпреварот од првото коло на Примера, кој заврши со конечен резултат 2-2 (2-2). 

  • Извештај од натпреварот:

Сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме. Најпрво домаќинот дојде до двојна предност со головите на Андрес Мартин од пенал и Серхио Мартинез со прекрасен удар од дистанца. Сепак, „жолтата подморница“ возврати преку Папе Геје и Николас Пепе, кои со евроголови стрелаа на крајот од првиот дел, и тоа во период од само шеесетина секунди.

Вторите 45 минути понудија голема борба, но мрежите останаа мирни, по што двете екипи мораа да се помират со поделба на пленот. Расинг во следното коло ќе гостува кај Хетафе, а Виљареал патува на тежок дуел кај Атлетико Мадрид.