Прв Аргентинец и дама меѓу арбитрите: Кој судија е „најстрог“ на ЕП?

Претстојното Европско првенство ќе биде специфично и по тоа што за првпат во историјата на ова натпреварување меѓу судиите ќе има и еден од Јужна Америка. Во рамки на програмата за размена меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, одлучено е аргентинскиот арбитар Фернандо Рапалини да се приклучи на групата од 18 главни судии кои заедно со своите тимови ќе делат правда на овој турнир, додека на спротивната страна, на Копа Америка, ќе се најде Хесус Хил Манзано.

На листата на таканаречени резервни судии ќе се најде и една жена. Во прашање е Французинката Стефани Фрапар, која станува првата жена-судија која ќе биде дел од машко Европско првенство. Фрапар оваа сезона веќе стекна искуство на мечеви во машкиот фудбал под капата на УЕФА. Правилото за овие резервни судии е дека тие може да делуваат на терен само како четврти арбитри, или да бидат резервни помошни судии.

Секако, на турнирот ќе ги има и најпознатите европејци како што се Феликс Брих, Џујент Чакир, Бјорн Кујперс, Дани Макели, Матеу Лахоз, Мајкл Оливер, Даниеле Орсато и Клемон Турпан. Секоја судиска екипа ќе биде составена од главен судија, двајца помошници, четврти судија и резервен помошен судија. Исто така, на секој меч ќе има и четворица судии кои ќе бидат задолжени за реакции од ВАР-собата.

Сите судии минаа низ курс кој се одржа меѓу 10 и 13 мај во Истанбул, каде и ќе им биде „базата“ се до полуфиналето, а потоа се селат во Лондон.

  • СИТЕ СУДИИ НА ЕП 2020

1. ФЕЛИКС БРИХ

ЗЕМЈА: Германија
РОДЕН: 3.8.1975.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2007.
ПРОФЕСИЈА: адвокат
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,32
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,69
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,23

2. ЏУНЕЈТ ЧАКИР

ЗЕМЈА: Турција
РОДЕН: 23.11.1976.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2006.
ПРОФЕСИЈА: осигурителен агент
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,55
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,42
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,19

3. КАРЛОС ДЕЛ СЕРО ГРАНДЕ

ЗЕМЈА: Шпанија
РОДЕН: 13.3.1976.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2013.
ПРОФЕСИЈА: Полициски агент
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,41
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,98
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,23

4. АНДРЕАС ЕКБЕРГ

ЗЕМЈА: Шведска
РОДЕН: 2.1.1985.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2013.
ПРОФЕСИЈА: Полицаец
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,33
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 2,97
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,2

5. ОРЕЛ ГРИНФЕЛД

ЗЕМЈА: Израел
РОДЕН: 21.8.2021.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2012.
ПРОФЕСИЈА: -
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,31
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,78
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,28

6. ОВИДИЈУ ХАЧЕГАН

ЗЕМЈА: Романија
РОДЕН: 17.7.1980.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2008.
ПРОФЕСИЈА: Општ лекар
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,23
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,98
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,22

7. СЕРГЕЈ КАРАСЕВ

ЗЕМЈА: Русија
РОДЕН: 17.7.1980.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2008.
ПРОФЕСИЈА: Доктор на медицина
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,23
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,98
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,22

8. ИШТВАН КОВАЧ

ЗЕМЈА: Романија
РОДЕН: 16.9.1984.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2010.
ПРОФЕСИЈА: Наставник по физичко
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,27
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 4,00
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,20

9. БЈОРН КУЈПЕРС

ЗЕМЈА: Холандија
РОДЕН: 28.3.1973.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2006.
ПРОФЕСИЈА: Бизнисмен (сопственик на супермаркети)
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,27
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,26
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,15

10. ДАНИ МАКЕЛИ

ЗЕМЈА: Холандија
РОДЕН: 28.1.1983.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2011.
ПРОФЕСИЈА: Полицаец
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,38
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,08
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,20

11. МАТЕУ ЛАХОЗ

ЗЕМЈА: Шпанија
РОДЕН: 12.3.1977.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2011.
ПРОФЕСИЈА: Наставник по физичко
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,28
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 4,66
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,21

12. МАЈКЛ ОЛИВЕР

ЗЕМЈА: Англија
РОДЕН: 20.2.1985.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2012.
ПРОФЕСИЈА: Професионален судија
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,33
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,30
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,13

13. ДАНИЕЛЕ ОРСАТО

ЗЕМЈА: Италија
РОДЕН: 24. 11. 1975
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2010.
ПРОФЕСИЈА: Електричар
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,25
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 5,03
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,20

14. АРТУР СОАРЕЗ ДИЈАЗ

ЗЕМЈА: Португалија
РОДЕН: 14.7.1979.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2010.
ПРОФЕСИЈА: Директор
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,30
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 4,13
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,17

15. ДАНИЕЛ ЗИБЕРТ

ЗЕМЈА: Германија
РОДЕН: 4.5.1984.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2015.
ПРОФЕСИЈА: Спортски научник
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,19
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,87
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,13

16. ЕНТОНИ ТЕЈЛОР

ЗЕМЈА: Англија
РОДЕН: 20.10.1978.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2013.
ПРОФЕСИЈА: Професионален судија
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,30
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,46
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,16

17. КЛЕМОН ТУРПАН

ЗЕМЈА: Франција
РОДЕН: 16.5.1982.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2010.
ПРОФЕСИЈА: Правник
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,38
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 3,25
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,30

18. СЛАВКО ВИНЧИЧ

ЗЕМЈА: Словенија
РОДЕН: 25.11.1979
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2010.
ПРОФЕСИЈА: Менаџер за туризам
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,14
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 4,00
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,11

19. ФЕРНАНДО РАПАЛИНИ

ЗЕМЈА: Аргентина
РОДЕН: 28.4.1978.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2014.
ПРОФЕСИЈА: Сопственик на фирма за изградба на базени
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,25
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 5,65
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,34