ФОТО: Провокација со фрлање на факел меѓу албанските и македонските навивачи

На повидок е првиот инцидент пред почетокот на натпреварот во Скадар помеѓу Албанија и Македонија. На 15-20 минути до почетокот на натпреварот дојде до фрлање на пиротехнички средства од едната до другата трибина, каде што се навивачите на двете селекции.

Долета еден факел во еден сегмент, па беше префрлен кон другиот, па започна мала тензија и некоректни скандирања.

Непознато е од каде прво пристигна факелот како провокација, но македонските навивачи кои се многу помалкубројни беа силно претресувани пред почетокот на натпреварот. Тензијата траеше само 2-3 минути и сега работите се во најдобар ред.

Двете трибини се една до друга, а нашите навивачи ги обезбедуваат само десетина полицајци. УЕФА во своите правила за одигрување на меѓународни натпревари налага да се игра на комплетно покриен стадион, што не е случај на стадионот во Скадар, каде само една трибина е покриена.