ФОТО: Провокација на Лапорта пред „Ел Класико“ дербито во Мадрид

Барса

Големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона можеби ќе ја одлучи трката за титулата во Примера.

На врвот моментално е Атлетико Мадрид, кој има еден бод повеќе од Каталонците и три од градскиот ривал. Тимот на Диего Симеоне може најмногу да искористи од резултатот на оваа средба во шпанската престолнина.

Новиот претседател Жоан Лапорта е познат по тоа што сака да прави провокации кон лутиот ривал. Сега кога се врати на претседателската функција со последниот потег покажува дека не се променил.

Веднаш до „Сантијаго Бернабеу“, стадионот на мадриѓани кој се реновира, се појави голем постер. Овој гест на сега првиот човек на Барселона крена голема прашина во шпанските медиуми.