• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија со четири порази на четири натпревари е последна во Б-сегментот во Лигата на нациите и според сите проценки голема е веројатноста да игра бараж, доколку секако не направи изненадување во последните две кола со Словенија и Шкотска.
Последната позиција на табелата ни носи бараж за опстанок. Прогнозите се дека Македонија има квалитет да остане, ама кои се потенцијалните ривали за разигрување за и во следната сезона на ЛН да бидеме дел од Б-лигата?
Од Групата 1 во Ц-лигата, во баражот се очекува да завршат Финците. Во игра е и Белорусија, но од неа се очекува да го победи Сан Марино во претпоследното коло. Од Групата 2, наш потенцијален ривал е Кипар или Ерменија. Се ќе одлучи нивниот меѓусебен дуел во ноември.
Од Групата 3, прогнозите се дека во бараж ќе бидат Фарски Острови, кои имаат четири нерешени на четири натпревари. Ќе завршат во таа зона доколку Молдавија го совлада Казахстан. Во Групата 4, се е отворено, но најблиску до баражот се Естонците по сите пресметки. Многу работи ќе бидат појасни по натпреварот Луксембург - Естонија во ноември.
Баражоте за опстанок во Лигата на нациите се играат на 25/27 март, односно 27/30 март.







