• Горан Упале

Екипата на Брегалница ја забележа една од најважните победи во досегашниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Тимот од Штип славеше на гостувањето кај Скопје (1-0) во рамки на 24. коло и дополнително ја направи ситуацијата на врвот луда.
Но, еден спорен момент на натпреварот во Автокоманда привлече многу внимание и големо незадоволство кај домаќините. Во дваесеттата минута, при резултат 0-0, Николовски се судри со Коцев во казнениот простор на гостите, но судијата Трпчевски одмавна со раката, сметајќи дека немаше доволно елементи за најстрога казна за Скопје.
Факт е дека домашниот фудбалер прв стигна до топката, а потоа и удрен од противникот, но дали тоа беше доволно за најстрога казна погледнете го видеото и проценете сами:
Сега на врвот на табелата во ВМФЛ е густо, Охрид, Шкендија Арачиново и Брегалница имаат по 52 бода, додека Скопје падна на четвртото место со 50 бода.







