Просинечки се враќа во Турција, ќе седне на клупата на „фенерџијата“!?

Роберт Просинечки се враќа на клупата на Кајзериспор, каде што веќе седеше во сезоната 2012/13. Поранешниот селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина и Азербејџан го очекува тешка битка за опстанок во турската Суперлига. 

Иако сè уште нема официјална потврда, речиси сите најпознати турски медиуми ја пренесоа информацијата и само прашање на време е кога веста ќе се официјализира. Хрватот токму во Кајсериспор го имаше своето прво тренерско искуство надвор од Балканот, а неговото враќање е широко поздравено во земјата. 

Тој последно ја водеше селекцијата на БиХ во квалификациите за Европското првенство, но поради неуспехот и пласманот на четвртата позиција во групата ја прекинаа соработката.

Екипата на Кајзериспор е на последната позиција од табелата со само десет бодови по 17 кола, а од безбедната зона имаат пет бода негатива.