Просинечки се раздели со турски Кајзериспор

Роберт Просинечки повеќе не е тренер на Кајзериспор, објави претседателот на овој клуб, Берна Гозбаси.

„Роберт е многу вреден тренер, никогаш нема да ја заборавиме неговата жртва. Можеби нашите патеки повторно ќе се сретнат“, рече претседателот во изјавата.

Според турските медиуми, дошло до расправија помеѓу Просинечки и турскиот клуб поради несогласувањата околу плановите за следната сезона. Хрватот сакаше повеќе засилувања отколку што Турците беа подготвени да понудат.

Кајзериспор заврши претпоследен, но немаше испаѓања оваа сезона, па останаа во елитната Суперлига. Просинечки забележа шест победи, пет реми средби и осум порази на 19 натпревари на кормилото на клубот од Кајзериспор.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.