Просинечки го напушта Кајзериспор и се враќа на селекторската клупа

Еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, Роберт Просинечки, по сè изгледа повторно ќе му се врати на репрезентативниот фудбал.

По заминувањето од клупата на Босна и Херцеговина, го презеде кормилото на Кајзериспор, но според последните информации многу веројатно со турскиот клуб ќе се раздели по крајот на оваа сезона. 

Наводно, интерес за неговите услуги повторно пројавила Фудбалската федерација на Азербејџан, која сака да го врати на селекторското столче. Но, челните лица на азербејџанскиот фудбал ќе почекаат клупската сезона да заврши, па потоа ќе ги отворат преговорите, со цел да не го налутат раководството на Кајзериспор. 

Популарниот Роби три години беше на чело на Азербејџан, во квалификациите за Европското првенство во 2016 година и Мундијалот 2018. Иако немаше позитивен ефект, очигледно со својата работа ги импресионираше луѓето од поранешната советска република да го повикаат назад.