Просинечки: Антиќ беше човек со цврста рака, „фраер“ и голем тактичар

Смртта на Радомир Антиќ го погоди фудбалскиот свет кој тагува по прославениот тренер, кој е единствен кој седнал на клупите на Барселона, Реал и Атлетико Мадрид. Бројни прославени спортисти ги испратија своите последни поздрави до него, а својата шанса не ја испушти ниту Роберт Просинечки, кој на препорака од Србинот прејде во Реал Мадрид

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Антиќ е човекот кој го изнесе Просинечки на „голема врата“

Популарниот „Мистер“ работеше со Роби заедно во Реал Мадрид и подоцна во Овиедо, а очигледно му оставил одличен впечаток. 

„Антиќ ме тренираше во Реал Мадрид и Овиедо. Што можам јас да кажам за човекот кој ги тренираше сите три шпански великани, освен дека беше голем тренер, фраер и добар познавач на својата работа. Замина иако не беше во многу одминати години. Беше човек со „цврста“ рака, но тоа не беше толку страшно. Кога тренираш клубови како неговите, секако дека си строг. Радомир беше пред сè голем тактичар, сакаше тактичка дисциплина и многу работеше на тоа. Тој водеше многу големи натпревари во кариерата. Читам како „Марка“ му посветува насловна страница со зборовите „Tе сакаме“ - тоа доволно зборува. Работеше во трите најголеми клубови, но во Атлетико го ценат најмногу“, изјави Просинечки. 

Хрватот на препорака од Антиќ како најдобар млад играч во Европа и со титула во Лигата на шампионите со Црвена Звезда, замина за Шпанија и настапуваше за Реал. Потоа одново се обедини со Србинот во Овиедо, за да дојдат до ривалство едниот како тренер на Атлетико, а другиот како играч на Барселона.