Просинечки: Адеми навистина е важен играч, но проблемите на Динамо се поголеми од тоа

Адеми

Динамо Загреб загуби на гостувањето кај Рапид Виена и го запиша вториот пораз во групната фаза од Лигата на Европа.

На теренот не се појави Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец и капитен на тимот е повреден и не можеше да помогне на оваа средба. Неговото отсуство се чувствува во играта на загрепчани, но Роберт Просинечки не смета дека тоа е единствениот проблем во хрватскиот гигант.

„Мислам дека тоа за мене е малку претерано. Не треба да се прави „мит“ околу таа работа. Навистина е важен играч, носи смиреност во играта, но мислам дека Динамо има дополнителни проблеми. Има доста недостатоци во играта. Заминаа доста важни играчи во изминатиот период. Тоа е судбината на екипите како Динамо. Во такви моменти, мора да се води политика која ќе донесе соодветни замени“, вели легендарниот хрватски фудбалер.

Адеми има повреда на скочниот зглоб и прави приморана пауза. Играта на средината од теренот на Динамо е погодена од тоа, а тоа се забележува на секој меч на кој македонскиот репрезентативец е на трибините.

Состави

Thomas Hickersberger

4-2-3-1

    Damir Krznar

    3-5-2