Прошталниот натпревар на Буфон в сабота против Верона - билети одамна нема

Италијанската фудбалска федерација му излезе во пресрет на Јувентус и наместо в недела, ден претходно, в сабота од 15.00 часот ќе го одигра натпреварот од последното 38. коло од Серија А против Верона. Со оглед на тоа што математички „старата дама“ ја осигура титулата, а Верона не може да избегне испаѓање, мечот ќе се игра ден порано.

Целта е да му се дозволи на новиот шампион да ја прослави титулата со попладневна обиколка низ Торино и спектакл на плоштадот „Сан Карло“. Натпреварот против Верона ќе биде последен и за Џиџи Буфон, кој за последен пат ќе го облече дресот на Јувентус, пред да се пензионира.

По завршувањето на дуелот од 38. коло, фудбалерите ќе ги примат одличјата, а капитенот Буфон ќе го подигне големиот пехар за шампионот на Италија. Билетите за овој натпревар одамна се распродадени.