Пропадна трансферот на Плојовиќ, но друг напаѓач од Нови Пазар доаѓа во Битола

Иако се очекуваше дека Џенан Плојовиќ ќе го предводи нападот на Пелистер за следната сезона, сепак до реализација на овој трансфер нема да дојде и во Битола веќе пристигна и неговата замена. Во текот на денешниот ден се очекува потврда на едногодишен договор за Анес Хот, корпулентниот напаѓач на Нови Пазар.

25-годишниот Хот е роден во Тутин, а минатата сезона постигна три гола на 22 натпревари за српскиот прволигаш. Се работи за корпулентен фудбалер и своевиден вид замена за Главевски, кој си замине пред неколку дена.

Хот е висок 191 сантиметар, а покрај за Нови Пазар, настапуваше и за Мокра Гора, Тутин и Прибој, Тој веќе тренираше со новите соиграчи и недостига само официјализација на трансферот. Претходно, битолскиот прволигаш се засили со Талески, Илиески, Танушев, Кочоски, Николовски и Пејаковиќ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк