Пропадна трансферот на Коста Манев во Тузла Сити

Македонскиот интернационалец Коста Манев беше пред трансфер во редовите на Тузла Сити. 

29-годишниот дефанзивец на средината на минатиот месец беше пред потпис со клубот од Босна и Херцеговина и сè беше договорено, меѓутоа трансферот пропадна. Манев е слободен агент, требаше бесплатно да го засили тимот на Тузла, но клубот се реши за други опции. 

Досега Манев настапуваше за екипите на Клуби, ПК-35, Викингит, Хонка, Интер Турку, Кеми, Вардар и Вележ Мостар. Последниот ангажман го имаше во Академија Пандев со која се раздели во ноември, а иако требаше да заигра за хрватски Вараждин, не дојде до таков исход. 

Манев и натаму е во потрага по нова средина за продолжение на кариерата.