Пропадна Салах, но Бешикташ бара уште еден поранешен напаѓач на Ливерпул!

Бешикташ во моментов е главен фаворит за потписот на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез, откако неговиот клуб Ал-Хилал даде „зелено светло“ за позајмица.

Турскиот гигант веќе ги интензивираше преговорите со саудискиот клуб и понуди четири милиони евра за едногодишна позајмица на 27-годишниот фудбалер. Нуњез е отстранет од тимот во Саудиска Арабија поради ограничувањата за странски играчи по доаѓањето на Карим Бензема и има силна желба да се врати во европскиот фудбал.

Откако минатото лето направи трансфер од Ливерпул во Ал-Хилал за 53 милиони евра, Нуњез го загуби првотимскиот статус во Саудиска Арабија по доаѓањето на Карим Бензема во февруари, кој го истисна од плановите на клубот.

Нуњез е исклучително мотивиран да се врати во европскиот фудбал и веќе дал „зелено светло“ за проектот што му го презентирал Бешикташ. Иако клубови како Барселона и Атланта Јунајтед ја следеа неговата ситуација, Бешикташ моментално ја предводи трката за неговиот потпис.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.