Промовиран проектот „Фудбалот прави разлика“ во Македонија

Денес во Битола се одржа завршната прес-презентација од меѓународниот проект „Фудбалот прави разлика“, кој беше реализиран во партнерство со спортските организации од Бугарија, Словенија, Романија и фудбалската федерација Браганца, Португалија.

Спорт Талент ја претставуваше Македонија во истиот, чија тема беше фудбалот и можностите кои ги дава самата игра во смисла на социјална инклузија и еднакви можности за сите со акцент на развој на фудбалот во помалку развиените подрачја. Во текот на проектот сите партнерски организации спроведоа истражувања, анализи и размена на искуства на спомената тема.

Финалниот производ од проектот е прирачник кој ги содржи сите фази од идеа до реализација при оснивање на клуб, развој на самата идеја на краток и долг рок до детали за финансиска конструкција и одржливост. Прирачникот ќе биде преведен и на македонски јазик и бесплатно достапен на sportsbeyondborders.eu.