• Редакција Gol.mk
Брера Струмица го заврши есенскиот дел од првенството со доста турбуленции на играчки и резултатски план. Сепак, уште еднаш потврдив дека е вистински расадник на млади таленти. Во вториот дел на есенската полусезона, благодарение на стручниот штаб предводен од Горазд Михајлов, голем број млади играчи го облекоа сениорскиот дрес и не разочараа.
Голманот Даниел Диковски заедно со Марко Стоилевски, Андреј Велков и Андреј Аризанкоски неколку пати беа во стартниот состав на нашиот прв тим. Демонстрираа добра игра наспроти поискусните фудбалери од противничките тимови во прволигашкото друштво.
Одлично дебитираа и Ѓоко Спасов кој во младинската екипа е најдобар стрелец, потоа Игор Ристов, Давид Ристовски, Мартин Шаренковски, Матео Кесиќ, Каменчо Андоновски – играчи од младинскиот состав на нашиот клуб.
Сите тие носат светла иднина на Брера а како потврда е титулата есенски шампион во mладинската Суперлига. Таму струмичани, предводени од стратегот Ѓорѓе Стојчев, имаат осум победи, два реми исходи и еден пораз.
Брера презими на делба на седмото и осмото место со 19 бода, колку што има и Пелистер.