Промес во огромни проблеми, се соочува со уште подолга затворска казна

Не престануваат проблемите за поранешниот холандски репрезентативец, Квинси Промес. Откако белгискиот суд го прогласи за виновен за шверцување кокаин и го осуди на шестгодишна затворска казна, сега доаѓаат информации дека холандското обвинителство покренало уште една постапка за физички напад и проневера на финасиски средства. 

Медиумите пишуваат дека Промес се товари за затајување данок, како и за фиизчки напад кој се случил пред бар во Австрија пред неколку години. Наводно, тој со својата девојка бил во барот и при излегувањето се однесувал непримерно кон службеникот, кого подоцна го нападнал и му нанел две скршеници на носот. 

Оштетениот келнер го тужи Промес и бара отшета од 300.000 евра, а неговите адвокати поднеле дури четири кривични пријави - за напад, напад со тешка телесна повреда, омаловажување и деградација, како и за нарушување на јавниот ред и мир. Доколку биде прогласен за виновен по сите ставки, Промес би можел да добие уште најмалку 3 години затвор во сопствената држава. 

Фудбалерот во моментов настапува за Спартак Москва и се надева дека ќе добие руски пасош, со кој ќе има гаранција дека никогаш нема да биде екстрадиран во Холандија.