• Саше Љолес

Управата на прволигашот Работнички објави дека ја прекинува соработката со двајца досегашни членови на првиот тим - Демир Имери и Џелил Асани.
Двајцата фудбалери беа дел од екипата од Дебар маало изминатава сезона, одиграа 13, односно 14 натпревари, а поголем впечаток остави офанзивецот Имери, кој постигна три гола во дресот на Работнички.
„Романтичарите“ се во прилично незавидна ситуација и собраа само седум бода, кои ги сместуваат на претпоследната позиција на табелата.
Екипата сигурно ќе претрпи и други промени во текот на преодниот рок, а навивачите се надеваат на драстично подобри резултати во пролетниот дел од сезоната.

