• Редакција Gol.mk

Првенството во Втората фудбалска лига уште трае и предвидено е да се одигра одложениот натпревар во Радовиш помеѓу Детонит Плачковица и Скопје.Сепак, некои клубови веќе почнаа да ја планираат својата иднина, а промени се најавени и во прилепска Победа.
Според прилепските медиуми досегашниот тренер Филип Мирчески не планира да ја води Победа напролет, а измени се најавени и кај играчкиот кадар. Сепак, главен проблем е финансиската конструкција од која зависат следните чекори.
Прилепскиот клуб на петнаесет натпревари освои 11 бода и ќе презими на тринаесеттото место.
