• Горан Упале
Лукша Јакобушиќ повеќе не е претседател на сплитски Хајдук откако беше сменет од Управниот одбор.
Телото во состав Аљоша Павелин, Горан Јујновиќ Лучиќ, Лукас Оливер Павиќ, Дражен Зец и Роберто Битуњац одлучи дека е време двете страни да се разделат, а следни на ред се тренерот Мислав Кароглан и спортскиот директор Миндаугас Николичиус.
Поразот од Риека беше четврти по ред за Хајдук со што се збогуваа од борбата за шампионскиот трофеј и за националниот куп. Јакобушиќ прв ја плати цената за неуспесите.
Негова замена ќе биде Маринка Акрап која ја презема улогата на в.д. претседател. Таа до сега беше член на управата на клубот и директор на маркетинг службата. Таа му се приклучи на Хајдук на почетокот на септември 2021 година, кога клубот објави нејзините должности ќе бидат маркетинг, продажба и односи со јавноста.